Мињон коцки – Спој на чоколадо и кокос по незаборавен рецепт

Мињон коцки – Спој на чоколадо и кокос по незаборавен рецепт

Вкусни мињон колачиња кои ќе ве освојат од прва.

Идеални за претстојните празници, а ова е рецептот за нив:

Состојки:

  • 1 дл слатка павлака
  • 250 гр маргарин
  • 300 гр шеќер
  • 250 гр кокос

Состојки за прелив:

  • 150 гр темно чоколадо
  • 80 гр маргарин

Начин на подготовка:

  1. Шеќерот заедно со маргаринот и павлаката се топи на оган, па се додава и кокосот.
  2. Се обложува помал плех со хартија за печење, се става соединетата смеса и се остава два часа во ладилник.
  3. Потоа, се одвојува колачот/смесата од хартијата и се сече во форма на мињон коцки.
  4. Се спрема глазурата на начин што се растопува чоколадото со маргаринот, па се прелеваат мињоните и се оставаат да се стегнат.

Уживајте во овој вкусен десерт 🙂

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

singlepost_text