Мали, слатки бомбици – готови за миг

Мали, слатки бомбици – готови за миг

Мали, слатки, чајни бомбици кои лесно и брзо се подготвуваат. А еве и како…

Состојки:

  • 1 шолја путер
  • 1 лажичка ванила екстракт
  • 6 лажици шеќер во прав
  • 2 шолји брашно
  • 1 шолја мелени ореви
  • 1/3 шолја шеќер во прав за декорација

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени. Добро разматете путер и екстракт од ванила. Полека додајте шеќер и брашно. Потоа додајте ореви.
  2. Од тестото направете топчиња. На плех ставете хартија за печење и печете ги колачињата во рерна десетина минути.
  3. Кога ќе се изладат посипете ги со шеќер во прав.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта