Идеално решение кога не сакате да поминете многу време во кујна!
Состојки:
- 500 гр мелено месо
- 2 праза
- 1 јајце
- 50 гр презла
- 2-3 лажици маслиново масло
- сол
- бибер
- мешавина од зачини
- 2 јајца за прелив
- 140 мл павлака за готвење за прелив
Начин на подготовка:
- На малку маслиново масло пропржете го меленото месо. Додајте исечкан праз, па зачинете по вкус. Динстајте на слаб оган десетина минути.
- Тргнете од оган, додајте презла и разматено јајце. Сè добро соединете, па ставете во огноотпорен сад кој сте го премачкале со малку путер или маргарин и сте го посипале со брашно.
- Печете на 200 степени 15-20 минути.
- Разматете јајца и павлака за готвење, посолете по вкус, па ставете преку месото и уште кратко запечете.
- Печеното јадење изладете го, па исечете го на парчиња и послужете со сезонска салата.
Добар апетит!
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна