Совршен десерт со чај и кафе!
Состојки:
- 225 гр просеано брашно
- 110 гр путер
- 1 јајце
- малку суво грозје
- млеко
- 85 гр шеќер во прав
- путер за намастување
Начин на подготовка:
- Ставете путер во просеано брашно да направите грутки. Додајте шеќер, суво овошје, а потоа јајце. Мешајте додека не добиете глатка смеса, потоа формирајте топчиња од тесто, користејќи само капка млеко по потреба.
- Растегнете го тестото на околу 5мм дебелина, а потоа вадете кругови со калап со пречник 7,5-10 см.
- Загрејте тава која претходно сте ја намастиле со путер. Вишокот маснотија отстранете го со хартиена салфета.
- Ставете ги колачињата во тава и печете ги 2-3 минути од секоја страна. Секоја страна треба да биде карамел браун пред да ги свртите.
- Кога ќе бидат готови посипете ги со шеќер во прав додека се уште се врели.
Уживајте!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта