Направете вкусна салата богата со зеленчук и витамини. Нешто поинакво за зимските денови и за празниците.
Состојки:
- 300 гр прокељ
- 300 гр компир
- 1 главица кромид
- 1 морков
- 1 црвена пиперка
- 2 чешни лук
- малку карфиол
- масло
- оцет
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Се варат исчистените, излупени и измиени компир, морков и карфиол. Компирот и морковот се сечат на коцки.
- Пиперката исто така се сече ситно, и прокељот на пола.
- Кромидот се сече заедно со лукот, па се става во сад со другите состојки. Убаво измешајте, па додадете ги маслото, зачините и оцет.
Пријатно јадење!
Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт