Новогодишни мафини – Нема повкусен благ рецепт

Новогодишни мафини – Нема повкусен благ рецепт

Направете новогодишни мафини и израдувајте го вашето семејство. Освен што изгледаат супер, имаат и супер вкус.

Ова е рецептот, навистина е креативно и убаво:

Состојки:

  • 200 гр шеќер
  • 100 гр путер
  • 2 јајца
  • 2 лажици ванила
  • 200 гр брашно
  • 2 лажички прашок за пециво
  • 130 мл млеко

Состојки за фил:

  • 150 гр путер
  • 280 гр шеќер
  • 1 лажица млеко

Начин на подготовка:

  1. За тестото изматете јајца со путер, па додадете ги шеќерот и екстрактот од ванила.
  2. Во посебен сад измешајте брашно и прашок за пециво, па додајте го млекото.
  3. Мешајте додека да добиете хомогена смеса, па додајте ја и смесата со јајцата и мешајте за да се изедначи.
  4. Ставете во калапи за мафини и оставете да се пече околу 20 минути во загреана рерна на 180 степени.
  5. За филот изматете го путерот со 140 грама шеќер, па додајте уште 140 грама шеќер и лажица млеко и сè соединете.
  6. Врз печените мафини ставете фил, па со готварски шприц додадете шлаг правејќи форма на новогодишна елка.
  7. Може да ставите бонбони како декорација, за да личат на лампиони.

Уживајте во овој вкусен десерт и во убавината на претстојните празнични денови 🙂

Повеќе десерти на Gotvi.mk:

Конечно: Највкусниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед