Азиски резанци со риба

Азиски резанци со риба

Јадење погодно за вегетаријанци и љубители на риба.

Состојки:

  • 400 гр паста по избор
  • сол
  • 2 лажички сусамово масло
  • 500 гр рибини филети од лосос
  • 2 моркови
  • 1 црвена пиперка
  • 1 главица кромид
  • 1 чешне лук
  • 3 лажици масло
  • 2 лажици соја сос
  • 2 лажици оцет
  • шеќер

Начин ан подготовка:

  1. Згответе резанци, процедете ги и измешајте ги со сусамово масло. Рибата измијте ја, исушете ја и исечете ја на парчиња.
  2. Исчистете го зеленчукот и исечете го на што потенки ленти. Кромидот исечете го на тенки кругови.
  3. Филетите испржете ги на 2 лажици масло, по 3 минути од секоја страна. Извадете ја рибата, во тавата додајте го остатокот од маслото и загрејте. Пропржете кромид и лук, па додајте го останатиот зеленчук. Пржете на силен оган со мешање, околу 4 минути. Измешајте соја сос, оцет и шеќер. Додајте ги резанците и шолја врела вода, па сè измешајте. На крај додајте ги парчињата риба и кратко вратете на оган.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

 

 

singlepost_text