Pasta spaghetti with creamy mushroom sauce and basil in white ceramic plate over old grunge dark table, top view, copy space

Брз италијански специјалитет: Шпагети со туна

Овој едноставен италијански специјалитет е омилен ширум светот – се прави брзо, а вкусот е фантастичен!

Состојки:

  • 400 гр шпагети
  • рендан пармезан
  • црн бибер
  • сол
  • 50 мл бело вино
  • магдонос
  • босилек
  • 400 гр сечкани домати
  • 2 чешниња лук
  • 100 мл масло (мешавина од сончогледово и маслиново)
  • 1-2 конзерви Тимко туна во билно масло
  • 1 лажица мешавина од зачини

Начин на подготовка:

  1. Во тава со лесно загреано масло (мешавина од сончогледово и маслиново) ставете на половина исечкан лук. Кога лукот благо ќе пожолти, извадете го од тава. 
  2. На маслото ставете исечкани домати и мешавина од зачини па динстајте додека течноста не испари. Потоа измешајте вино, парчиња туна, босилек, бибер и по потреба малку посолете. 
  3. Уште кратко сè гответе и измешајте сечкан магдонос. 
  4. Сосот прелијте го преку зготвени и исцедени шпагети, па посипете со пармезан.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство