Полнет пилешки стек – Не сте јаделе одамна вака сочно месо

Полнет пилешки стек – Не сте јаделе одамна вака сочно месо

Направете крцкав и вкусен полнет пилешки стек.

Овој рецепт брзо и лесно се прави – еве како:

Состојки:

  • 2 парчиња пилешко филе
  • 400 гр спанаќ
  • 50 гр чипс
  • 2 лажици брашно
  • 30 гр путер
  • 150 гр кашкавал
  • масло
  • сол
  • бибер
  • 1 јајце

Начин на подготовка:

  1. Во врела вода се става да се обари исчистениот спанаќ, па се цеди и во садот каде ќе го ставиме спанаќот се ренда кашкавалот.
  2. Пилешкото го засекуваме и правиме џеб, па ставаме сол и бибер, а внатре го премачкуваме со путер и го полниме со смесата од спанаќот и кашкавалот.
  3. Чипсот се става во блендер, а секој стек убаво го поминуваме во сад со брашно, потоа јајце и на крај во сад со ситните парченца чипс.
  4. Стекот го пржиме во загреано масло.
  5. Не заборавајте претходно да го споите стекот со чепкалки за да не излезе смесата.

На здравје!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Руски гулаш со најкремаст сос

Сочно месо во сос

Црвен сос во шампињони

Сочни шницли во сос од кромид

Тартар сос

Кременадли во ајвар сос

Пикантно пилешко во лут сос

Батаци во сос