Направете вкусни плескавици за 4 лица и тоа за само половина час. Нема мака, а многу се вкусни.
Ова е рецептот за нив:
Состојки:
- 600 гр мелено јунешко или мешано месо
- 1 главица кромид
- 1 лажица вегета
- 2 чешни лук
- масло
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Во сад се ставаат меленото месо со ситно сечканиот кромид, па се ставаат солта и биберот.
- Потоа се додава вегета, па лукот.
- Се формираат плескавици со рацете и се печат на скара или во тавче со масло.
- Сервирајте со кајмак или сезонски со ајвар.
На здравје!
Повеќе рецепти на Gotvi.mk: