Иако многу од нас се навикнати на полнети пиперки со месо, едни од највкусните полнети пиперки се прават со тиквички.
Ова се потребните состојки и подготовката на оваа вкусна тава:
Состојки:
- 10 бабури
- 1 тиквичка
- 2 компири
- 3 моркови
- 1 главица кромид
- 150 гр ориз
- сол
- бибер
- 1 чешне лук
- 1 лажичка црвен пипер
- 1 лажица брашно
- доматен сос
Начин на подготовка:
- Се пржи кромидот, па се додава во истото тавче и ренданата тиквичка, заедно со ренданите моркови и компири, како и лукот.
- Се динста, па во тавата се додава и оризот.
- Се додаваат и солта и биберот, како и брашното и црвениот пипер.
- Со вака добиениот фил се полнат измиените и издлабени бабури, се поклопува отворот со парче компир и се варат во сос од домати со малку вода.
- По желба можете и кратко да ги потпечење во рерна откако претходно ќе ги ставите во плех за печење.
На здравје!
Прочитај повеќе на Gotvi.mk:
Полнети пиперки со пилешки гради