Направете совршен новогодишен рецепт кој ќе блесне на празничната трпеза. Елки кои одлично ќе ја надополнат магијата за време на празниците.
Состојки:
- 2 белки
- 150 гр шеќер
- 1 лажичка лимонов сок
- 1 кесичка зелена боја
- шеќер во прав за декорација
Начин на подготовка:
- Изматете ги белките со шеќерот, како и лимоновиот сок. Кога ќе се добие цврст снег, се додава прехрамбената зелена боја, и со шприц се формираат елки.
- Се сушат со печење во загреана рерна на 130 степени, околу еден час.
- Кога ќе бидат готови наросете им шеќер во прав за да изгледаат како вистински снежни елки.
Уживајте и имајте среќни и весели празници 🙂
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути