Посебен рецепт за лепчиња со јајца – Се печат и не се масни

Посебен рецепт за лепчиња со јајца – Се печат и не се масни

Вкусен појадок кој брзо се прави, а најважно од сè не е многу масен.

Секој од нас има посебен рецепт за пржени лепчиња, но овој рецепт е различен и посебен.

Состојки:

  • 7-8 парчиња леб
  • 3 јајца
  • 3 лажици Пекабела павлака
  • сол
  • масло

Начин на подготовка.

  1. На плех ставете хартија за печење, па масло.
  2. Јајцата изматете ги пенасто, додајте ја киселата павлака со малку сол.
  3. Секое парче леб ставете го во смесата и убаво натопете го да впие.
  4. Ставајте ги лепчињата на плехот и печете во загреана рерна на 220 степени околу 5 минути.
  5. Намалете ја температурата и печете уште 3-4 минути додека лебот да порумени.

Ние ви предлагаме со лепчињата да искомбинирате АБЦ крем сирење.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми

Кралски појадок со кој ќе слабеете

Појадок или вечера за медал