Ова утро станете радосни и направете нешто вкусно, кое ќе ве држи сити во текот на денот.
Мини пица залачиња, а ова е рецептот:
Состојки:
- 500 гр лиснато тесто
- 150 гр Пекабеско шунка
- 150 гр кашкавал
- 1 јајце
- кечап
- оригано
Начин на подготовка:
- Лиснатото тесто се одмрзнува, се развлекува и сече на квадрати. Во средината се прави круг притискајќи со мала чаша, па се боцка со вилушка.
- Секој круг се премачкува со кечап, се става оригано, потоа шунката и кашкавалот најгоре кои ќе ги исечете на коцки.
- Квадратите се редат во подмачкан плех и се премачкуваат со изматеното јајце.
- Се печат во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.
Повеќе рецепти на Gotvi.mk:
Појадок со кој ќе топите килограми
Кралски појадок со кој ќе слабеете
Почнете го денот со витаминска бомба