Рецепт кој дава нов вкус и одлична арома: Колбаси во вино

Рецепт кој дава нов вкус и одлична арома: Колбаси во вино

Ако сакате необичен и вкусен деликатес, ова е рецепт за вас.

Направете вкусна тава со колбаси и вино.

Ова е рецептот:

Состојки.

  • 8 колбаси
  • 2 главици кромид
  • 1 чешне лук
  • 1 шолја бело вино
  • бибер

Начин на подготовка.

  1. Се пржат колбасите и се тргаат на страна, па потоа во маслото кое останало од нивното пржење се ставаат сечканиот лук и две лажици вино.
  2. Се динста и се меша, па по 20 минути се додава целото вино, како и сечканиот кромид.
  3. Се враќаат и колбасите во тавчето и се додава бибер.
  4. Се пржат уште 10 минути и се сервираат во чинија.

На здравје!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Руски гулаш со најкремаст сос

Сочно месо во сос

Црвен сос во шампињони

Сочни шницли во сос од кромид

Тартар сос

Кременадли во ајвар сос

Пикантно пилешко во лут сос

Батаци во сос