Ако сакате нешто поразлично од руска и пилешка: Нова брза салата за Нова Година и Божиќ

Ако сакате нешто поразлично од руска и пилешка: Нова брза салата за Нова Година и Божиќ

За празниците со неколку состојки направете нов вкус во вашата кујна. Ова е рецептот за оваа вкусна салата:

Состојки:

  • 1-2 лажици мајонез
  • 4 лажици Пекабела павлака
  • 50 гр Пекабеско шунка
  • 100 гр трапист или друг тврд и полномасен кравји кашкавал
  • 1/4 главица зелка
  • сол

Подготовка.

  1. Зелката ситно се сече, се сече поситно и трапистот, а шунката се ренда.
  2. Се става во сад, се додава малку сол и се меша заедно со мајонезот и павлаката.
  3. Оладете пред служењето, а одозгора декорирајте по желба.

На здравје!

Повеќе салати на Gotvi.mk:

Вкусна салата со јајца

Цвекло со еден додаток – највкусна салата или мезе

Шарена салата

Руска салата без мајонез и шунка

Одлична салата од карфиол

Најдобриот рецепт за руска салата

Запечена цезар салата

singlepost_text