Никој не може да го оспори феноменалниот вкус на добро подготвено пилешко филе, но кога сакате освежување на вашата трпеза, најлесен начин е тоа да го направите со малку кикирики и соја сос.
Состојки:
- 700 гр пилешко филе
- 100 гр непржени кикирики
- 2 лажички кари
- 2 лажички соја сос
- 1 лажичка зачински билки
- масло
Начин на подготовка:
- Ставете крпа преку кикириките и добро издробете ги. Во иситнетите кикирики додајте соја сос и кари и измешајте.
- Зачинете го пилешкото со зачински билки или посолете го. Премачкајте го со масло или путер.
- Посипете го пилешкото со подготвениот прелив и печете во рерна на 220 степени околу 20 минути.
- Јадењето се служи топло со прилог интегрален ориз.
Добар апетит!
Повеќе рецепти на Gotvi.mk:
ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот
Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука
Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука