Ручек за 30 минути: Пилешко од рерна на наједноставниот начин

Ручек за 30 минути: Пилешко од рерна на наједноставниот начин

За следниот ручек направете пилешко од рерна кое можете да го послужите со помфрит или грилован зеленчук.

Состојки:

  • 3 парчиња пилешко филе
  • зачин
  • сончогледово масло
  • 50 гр рендан пармезан
  • лимон

Начин на подготовка:

  1. Пилешкото филе засечете го со нож и ставете го во тепсија претходно прекриена со хартија за печење.
  2. Пилешкото зачинете го и намачкајте го со малку масло. Ставете да се пече на 200 степени околу 35 минути.
  3. Кога пилешкото ќе биде готово, посипете го со малку пармезан и вратете го во рерна уште две минути.
  4. Послужете со помфрит или грилован зеленчук.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Градинарска пита – направете вкусен фамилијарен ручек за помалку 150 денари

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Рецепт за вистински пица деликатес

Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат

Палачинки за гурмани