Шолја за празничните денови: Печен чоколаден крем

Шолја за празничните денови: Печен чоколаден крем

Направете вкусен чоколаден крем, совршен за периодот на претстојните празници.

Еве го рецептот и како да го направите:

Состојки:

  • 300 мл слатка павлака
  • 100 мл млеко
  • 150 гр темно чоколадо
  • 4 жолчки
  • 50 гр шеќер
  • малку сол
  • шлаг крем

Подготовка:

  1. Млекото и слатката павлака се варат додека да се појават меурчиња, па се тргаат од оган. Се додава чоколадото и се меша.
  2. Во посебен сад се мешаат жолчките со шеќерот и малку сол, па се додава мешавината со млеко и павлака, и се дели кремот на два дела.
  3. Се ставаат двата дела во рерна со малку врела вода, па се пече 30 минути во загреана рерна на 160 степени.
  4. Ќе биде како желе кога ќе се олади, многу е вкусно.
  5. Декорирајте со шлаг крем.

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта