Направете вкусен компир со сирење кој се топи во уста и шири неодолива арома.
Ова е рецептот:
Состојки:
- 750 гр компир
- 250 гр рендано сирење
- 150 гр маргарин
- 2,5 дл кисело млеко
- 4 јајца
- сол
Начин на подготовка:
- Компирот се лупи и вари во солена вода, па се цеди и сече на кругови или парчиња по желба.
- Се става во подмачкан плех со масло, па се додава ренданото сирење, па уште еден ред компири, па се става маргаринот и се остава да се пече на 200 степени околу 15 минути.
- Печените компири се посипуваат со изматените јајца со киселото млеко и се враќаат во рерна уште 15 минути на 200 степени.
На здравје!
Прочитај повеќе на Gotvi.mk: