Празнични колачиња без јајца: Во нив сите ќе уживаат

Празнични колачиња без јајца: Во нив сите ќе уживаат

Секогаш е добро да имате неколку рецепти за вегетаријанци, како и за лица кои тешко поднесуваат глутен. Ако го замените путерот со маргарин, овие Божиќни колачиња ќе можете да им ги послужите и на вегани.

Состојки:

  • 100 гр оризвово брашно
  • 4 лажици путер
  • 4 лажици мелени бадеми
  • 4 капачиња хељдино брашно
  • малку сол
  • 3 лажици мед или јаворов сируп
  • ванила по вкус
  • цимет
  • 1/2 лажичка прашок за печиво
  • мармалад или џем по желба за фил

Начин на подготовка:

  1. Омекнатиот путер измешајте го со мед и зачини. Потоа додајте ги сувите состојки, оризовото и хељдиното брашно, сол, прашок за печиво и мелени бадеми. 
  2. Од смесата замесете тесто. Замотајте го во проѕирна фолија и оставете го во фрижидер неколку часа, а најдобро е да преноќи. 
  3. Тестото развлечете го помеѓу две парчиња фолија. Ако се обидете да го развлечете претенко, тестото ќе почне да пука. 
  4. Исечете го тестото со калапи по избор (во облик на ѕвезди, цветови, срциња, елкички или кругчиња). Имајте на ум дека половина од кексите треба да имаат дупче на средината. 
  5. Ставете ги кексите да се печат во претходно загреана рерна на 170-180 степени околу 10-15 минути. 
  6. Спојувајте ги колачињата спојте ги со мармалад или џем по желба.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text