Направете вкусен и брз чоколаден колач. Ова е рецептот, како и начинот на подготовката:
Состојки за тесто:
- 2 шолји брашно
- 2 шолји шеќер
- 1/2 шолја масло
- 2 шолји јогурт
- 2 лажички сода бикарбона
- 2 лажички какао
Состојки за прелив:
- 10 лажици шеќер
- 10 лажици млеко
- 100 гр маргарин
- 100 гр чоколадо
- 1 лажичка рум (по желба)
Начин на подготовка:
- Во сад се ставаат состојките за тесто. Се ставаат брашното со сода бикарбона и какао, па се додава и шеќерот и добро се меша.
- Постепено се додава и јогуртот, мешајќи за да нема грутки, на крај и маслото.
- Се мати со миксер смесата, а плехот се обложува со хартија за печење.
- Се пече во загреана рерна на 220 степени околу 30 минути.
- За подготовка на преливот, во посебен сад се ставаат маргаринот исечен на парчиња, млекото, шеќерот, чоколадото и по желба рум.
- Сè се меша на тивок оган додека да се стопат состојките.
- Печениот колач се вади од рерна, се сече на коцки додека е врел, па одозгора се става преливот.
Уживајте во овој вкусен десерт 🙂
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути