Брз оброк: Богати клуб сендвичи

Брз оброк: Богати клуб сендвичи

Овие сендвичи содржат сè што содржи еден ручек. Па, и повеќе!

Состојки:

  • 6 парчиња тост леб
  • 4 тенки пилешки филети
  • 4 парчиња шунка Пекабеско
  • 2 тенки парчиња месната сланина Пекабеско
  • 100 гр зелена салата
  • 2 домати
  • 2 јајца
  • 4 листови кашкавал
  • 2 лажички мајонез
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Кратко испржете го пилешкото месо. Ситно исечкајте ја салатата и измешајте ја со мајонез, малку сол и бибер. Кратко пропржете ја сланината да биде крцкава, а јајцата испечете ги на око. Доматите исечкајте ги на кругови. Испечете го тост лебот.
  2. Редете ред леб, салата, сланина, кашкавал, шунка, јајце, домат, повторно салата, леб, кашкавал, месо, домат, салата, па леб. Пресечете на два или четири триаголници (по желба).
  3. Послужете со помфрит и украсете со зачински билки.

Уживајте!

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука

 

singlepost_text