Домашно посно тоблероне со кока-кола

Домашно посно тоблероне со кока-кола

Брз, вкусен и едноставен колач кој го задоволува сечиј вкус…

Состојки:

  • 150 гр маргарин
  • 200 гр чоколадо
  • 200 гр шеќер
  • 2 лажици мед
  • 200 гр мелени посни бисквити
  • 150 гр сечкани ореви
  • 50 гр чоколадо
  • 1 мала коцка маргарин
  • 1 дл кока кола

Начин на подготовка:

  1. Триаголен калап за колачи обложете го со фолија.
  2. Во тенџере ставете кока кола, и на тивок оган со непрекинато мешање растопете маргарин, чоколадо и шеќер. Кога состојките добро ќе се растопат, додајте ореви, бисквити и мед.
  3. Масата добро изедначете ја и ставете ја во калапи за колачи. За оваа маса потребни се два калапи.
  4. Кога колачот ќе се излади прелијте го со глазура од чоколадо. Чоколадото растопете го на пареа и при крај додајте парче маргарин и прелијте ги двата калапи со тоблероне.

Послужете и уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече