Хит напивка: Божиќен пунч од портокал

Хит напивка: Божиќен пунч од портокал

Некои сакаат топло чоколадо, некои чај, а некои напитоци со додаток алкохол. Покрај вареното вино, божиќниот пунч е еден од најпопуларните алкохолни пијалаци за време на празниците.

Состојки:

  • чај по избор
  • цимет
  • каранфилче
  • 3 лажици шеќер
  • 250 мл сок од портокал
  • 100 мл ликер од портокал
  • сок од еден лимон
  • 50 мл рум

Начин на подготовка:

  1. Згответе 500 мл чај кој најмногу го сакате, па додајте цимет, каранфилче и шеќер.
  2. Додајте сок од портокал, ликер од портокал и сок од еден лимон.
  3. Гответе додека не зоврие па додајте 50 мл рум.
  4. Процедете го пунчот, сервирајте го со парче портокал и уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Како да ослабете според хороскопскиот знак?