Посни пиперки полнети со тиквици

Посни пиперки полнети со тиквици

Совршен вкус – здрави пиперки полнети со зеленчук, идеален избор за деновите на пост.

Состојки:

  • зачини
  • лук
  • мајчина душица
  • сол
  • бибер
  • 1 главица кромид
  • 150 гр ориз
  • 2 компири
  • 2 моркови
  • 1 тиквица
  • 10 пиперки бабури

Начин на подготовка:

  1. Испржете кромид, потоа додајте рендана тиквица, рендани моркови и рендан компир. Сè издинстајте, а потоа додајте ориз.
  2. Сите состојки убаво измешајте ги и зачинете ги по вкус, а потоа додајте лажичка црвена пипер и лажица брашно.
  3. Со подготвениот фил полнете ги пиперките и затварајте ги со кругови компир. Гответе ги пиперките во доматен сос со малку вода.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text