Ако сакате нешто слатко, а не сакате цел ден да го поминете во кујна, овој десерт е одлично решение!
Состојки:
- 1/2 л млеко
- 1 инстант кесичка пудинг од ванила
- 3 лажички шеќер
- ресани
- бисквити со путер
Состојки за глазура:
- 100 гр чоколадо
- 50 гр путер
- 3 лажички вода
- 3 лажички шеќер
Начин на подготовка:
- Во плиток сад наредете бисквити со путер, така што ќе го прекриете дното. Преку бисквитите прелијте врел пудинг од ванила кој сте го зготвиле преходно со млеко и шеќер (по упатството на кесичката).
- Важно е пудингот да биде врел како би ја омекнал подлогата. Ако сакате колачот да биде покремаст, двојно зголемете ја количината млеко, шеќер и пудинг.
- Преку пудингот ставете ресани со чоколадниот дел надолу, треба да ја прекриете целата површина од пудинг.
- На пареа растопете чоколадо, шеќер и вода додека не добиете густа смеса. Тргнете од оган, измешајте путер и со тоа прелијте преку целиот колач.
Уживајте!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути