Највкусниот десерт: Брзи чоколадни бомбици (Видео)

Највкусниот десерт: Брзи чоколадни бомбици (Видео)

Нека меѓу вашите ситни колачи се најдат и овие вкусни и брзи чоколадни бомбици…

Состојки:

  • 200 гр наполитанки од лешник
  • 2 лажици чоколаден крем
  • 100-150 гр чоколадо
  • чоколадни трошки
  • малку путер
  • 200 гр лешници
  • 100 гр суво грозје
  • обланди за рафаело

Начин на подготовка:

  1. Наполитанките и лешниците измиксајте ги во блендер. Во чинија ставете исечкани наполитанки, додајте 50 гр лешници, растопен путер, суво грозје и 2 лажици чоколаден крем и сè изедначете со раце.
  2. Рафаело обландите пресечете ги со ножици или нож и секој отвор наполнете го и поклопете го со друг поклоп. Топчињата набодете ги на чепкалки па потопете ги во растопено чоколадо, па извалкајте ги во крупно мелени лешници, или во чоколадни трошки.
  3. Кога ќе се исушат наредете ги во хартиени корпички.

 

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

 

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта