Бела чорба со кнедли од сирење: Подобра не сте пробале!

Бела чорба со кнедли од сирење: Подобра не сте пробале!

Топли залаци кои ќе ве воодушеват…

Состојки:

  • 150 гр сирење
  • 500 мл млеко
  • 200 гр сечкани моркови
  • 2 сечкани компири
  • 200 мл кисела павлака Пекабела
  • 500 мл вода
  • 3 лажици брашно
  • 1 јајце
  • 1 лажица мешавина од зачини
  • масло
  • сол
  • мелен црн бибер

Начин на подготовка:

  1. Испржете брашно во тава со загреано масло. Додајте вода, млеко, мешавина од зачини и мешајте со жица за матење.
  2. Издробете сирење со вилушка и додајте 1 јајце и 3 лажици брашно. Со помош на две лажици земајте од смесата со сирење, јајца и брашно и формирајте кнедли. Кнедлите додавајте ги во тенџерето со загреани млеко и вода. Чорбата зачинете ја и измешајте.
  3. Посебно сварете компири и моркови исечкани на коцки.
  4. Кога кнедлите ќе испливаат на површина, тенџерето со чорба тргнете го од шпорет и додајте компир и моркови, па сè измешајте. Во чинија за сервирање ставете кисела павлака, а потоа ставете чорба. По желба украсете со магдонос.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула