Полжавчиња со сирење – Денот нека започне со пријатен мирис од кујната

Полжавчиња со сирење – Денот нека започне со пријатен мирис од кујната

Вкусен појадок или ужина во текот на денот. Помини замини, ќе си кршите од овој вкусен деликатес во тава, но бидете внимателни и не претерувајте!

Ова е рецептот, како и начинот на подготовка:

Состојки:

  • 500 гр брашно
  • 150 мл млеко
  • 100 мл вода
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 коцка квасец
  • 1 лажица путер
  • 200 гр сирење
  • малку магдонос
  • 2 лажички сол
  • 1 белка

Начин на подготовка:

  1. Се зема малку од водата и се меша со квасецот и многу малку шеќер, па се остава настрана.
  2. Се става брашното со солта, млекото, путерот, а потоа и водата, како и смесата квасецот во посебен сад.
  3. Се замесува тесто и се остава до еден час да нарасне.
  4. Сирењето се меша со магдоносот во друг сад.
  5. Се развлекува тестото, па премачкува со смесата со сирење и магдонос, па се завиткува како штрудла и се сече на 16 делови.
  6. Формираните полжавчињата се редат во подмачкана тепсија, па се оставаат половина час да отстојат.
  7. Се премачкуваат со изматената белка, а потоа се печат во загреана рерна на 200 степени околу 25 минути.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми

Кралски појадок со кој ќе слабеете

Појадок или вечера за медал

Почнете го денот со витаминска бомба