Топли сендвичи за убаво утро – Крцкави и вкусни

Топли сендвичи за убаво утро – Крцкави и вкусни

Вкусни лепчиња за Добро утро и убав почеток на денот, од кои тече растопен кашкавал.

Ова е рецептот:

Состојки:

  • 8 парчиња интегрален леб
  • 2 лажици маргарин или путер
  • 8 листови кашкавал
  • 2 домати
  • 1 краставица

Начин на подготовка:

  1. Парчињата леб се премачкуваат со маргаринот или путерот, па помеѓу две кришки се става лист кашкавал, па кругови домат, кругови краставица и повторно кашкавал.
  2. Се додаваат зачини по вкус.
  3. Се става другото парче леб одозгора и се потпекуваат во рерна.

Совет: Доколку сакате зеленчукот да остане свеж, додајте го откако сендвичите ќе се потпечат.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми

Кралски појадок со кој ќе слабеете

Појадок или вечера за медал

Почнете го денот со витаминска бомба