Кремасти и вкусни: Шампињони полнети со сирење и зачини

Кремасти и вкусни: Шампињони полнети со сирење и зачини

Шампињони полнети со крем сирење и зачини – ќе станат ваш омилен прилог!

Состојки:

  • 400 гр шампињони
  • 2 чешниња лук
  • 4 парчиња сув леб
  • 120 гр свежо сирење
  • 1 лажичка сечкан магдонос
  • зачини по желба

Начин на подготовка:

  1. Лебот иситнете го во трошки во блендер и додајте лук, па половина од смесата оставете на страна.
  2. Во остатокот од трошките измешајте свежо сирење, магдонос, зачини. Сè заедно измешајте во еднолична смеса па посолете и побиберете по вкус.
  3. Печурките наредете ги на лим обложен со хартија за печење. Секоја печурка наполнете ја со смесата па посипете со трошки. Потоа ставете во печка претходно загреана на 200 степени и печете околу 20 минути.

Добар апетит!

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука

 

singlepost_text