Повкусни од бомбици: Ситни кокос колачиња

Повкусни од бомбици: Ситни кокос колачиња

Кокосот е идеален за колачи и торти, а овој рецепт е одличен за сите кокос љубители.

Ова е рецептот за ситни кокос колачиња кои се многу лесни за подготовка:

Состојки.

  • 3 белки
  • 2 шолји вода (мали шолји за кафе)
  • 250 гр шеќер во прав
  • 200 гр кокос

Начин на подготовка:

  1. Белките, водата и шеќерот на пареа ги растопуваме.
  2. Се трга смесата од рингла и се додава кокос, се меша, се лади, но не многу, за да не се засуши смесата.
  3. Се вадат ситни колачиња со лажица и се редат на подмачкан плех.
  4. Се печат околу еден час во загреана рерна на 110 степени.

Уживајте во овој десерт 🙂

Повеќе рецепти со десерти на Gotvi.mk:

Деликатесни бомбици

Обланда бомбици – вистински хит

Преубава обланда со кокос

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

Домашни крем банани – вкусот на детството

Бомбици на кои им нема замена

Бомбици со дуња и кокос

singlepost_text