Посна Сарма за големиот празник Свети Никола – најчестата слава во Македонија

Посна Сарма за големиот празник Свети Никола – најчестата слава во Македонија

Направете вкусна посна сарма за големиот празник Свети Никола. Вкусен рецепт за свечената посна трпеза.

Ова е рецептот:

Состојки:

  • 1 кисела зелка
  • 4 главици кромид
  • 2 шолји ориз
  • 3 домати
  • црвен пипер
  • масло
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Кромидот се пржи на масло, се додава оризот, па се пржи уште неколку минути. Потоа се додава половина од излупените домати, се става сол и црвен пипер, па се динста.
  2. Се трга смесата да се лади, а во меѓувреме во солена вода се обарува главицата кисела зелка.
  3. По десетина минути се цеди водата и се вадат листови од зелката.
  4. Во плех со малку масло се ставаат неколку листови зелка, а од останатите се прават сарми и се полнат со филот со ориз.
  5. Се прекриваат сармите во садот со останатиот сос од домат, се става малку вода и масло.
  6. Се печат според вкус во загреана рерна на 200 степени.
  7. При печењето, доколку испарува, дополнувајте вода во плехот.

Нека е за многу години!

Прочитај оовеќе рецепти на Gotvi.mk:

Зема кисела зелка и завитка пилешко месо

Оригинален старски рецепт за сарма

Нов вкус на сармата: Хроно сарма

Како се кисели зелката

Повкусно од сарма и подварок

Зелката не е само за салати и сарма