Ви се јаде нешто различно од пита, бурек и кифли: Перничиња со печурки за добро утро

Ви се јаде нешто различно од пита, бурек и кифли: Перничиња со печурки за добро утро

Ако сакате да ги замените рецептите за бурек, пити и кифли, тогаш денеска за појадок направете нешто посебно вкусно.

Перничиња со печурки, а ова е рецептот:

Состојки:

  • 300 гр лиснато тесто
  • 1 главица кромид
  • 300 гр шампињони
  • 2 лажици кечап
  • малку масло
  • 1 јајце

Начин на подготовка.

  1. Ситно исечениот кромид и печурките се динстаат на оган, па им се додаваат кечапот и сол по вкус.
  2. Лиснатото тесто се сече на коцки, па секоја коцка се полни со оладениот фил од печурки, добро се затвара и се редат перничињата на подмачкан плех.
  3. Се премачкуваат со јајце и се печат околу 15 минути во загреана рерна на 200 степени.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми

Кралски појадок со кој ќе слабеете

Појадок или вечера за медал

Почнете го денот со витаминска бомба