Бомбици со газиран сок – Ситни топчиња со шмек на портокал

Бомбици со газиран сок – Ситни топчиња со шмек на портокал

Ќе се изненадите колку вкусни можат да бидат бомбиците ако им додадете газиран сок при подготовката.

Ова е рецептот за овие бомбици, кои совршено ќе се вклопат и на празничната трпеза:

Состојки:

  • 300 гр мелени бисквити
  • 150 гр чоколадо
  • 100 гр ситно сечкани ореви
  • 50 гр шеќер
  • 10 мл газиран сок од портокал

Начин на подготовка:

  1. Подготовката е повеќе од едноставна. Земете сад и ставете ги мелените бисквити заедно со шеќерот и газираниот сок од портокал.
  2. Чоколадото прво растопете го на пареа, па додадете го во смесата.
  3. Потоа, додајте ги и ситно исечените ореви, па смесата добро соединете ја во садот.
  4. Навлажнете ги дланките со вода и обликувајте топчиња.
  5. Декорирајте ги по ваша желба.

Доколку сакате да ги приготвите во посна варијанта, потребно е да ставите посни бисквити и чоколадо!

Уживајте во овој вкусен и лесен десерт 🙂

Повеќе рецепти со десерти на Gotvi.mk:

Деликатесни бомбици

Обланда бомбици – вистински хит

Преубава обланда со кокос

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

Домашни крем банани – вкусот на детството

Бомбици на кои им нема замена

Бомбици со дуња и кокос