Подобро и од полнети пиперки: Пиперки во сос

Подобро и од полнети пиперки: Пиперки во сос

Направете вкусен ручек, кој е готов за брзо време. Пиперките во сос се вистински деликатес на трпеза.

Ова е рецептот:

Состојки:

  • 1 кг пиперки
  • 50 мл масло за јадење
  • 50 гр путер
  • 100 гр сирење
  • 50 мл павлака за готвење
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Се мијат пиперките и се печат. Се лупат и се чистат од семките внатре.
  2. Во тава се ставаат маслото и путерот, па пиперките. Се оставаат малку да се пропржат.
  3. Кога ќе бидат готови, во тавата се ставаат и солта, сирењето и павлаката за готвење и се убаво се пржи дополнителна минута до две.

СОВЕТ: Ако сакате покремаста текстура ставете 100 мл павлака. Доколку сакате стандардна, ставете 50 милилитри.

Добар апетит!

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Полнети пиперки со сирење

Брускети со печени пиперки

Пиперки полнети со зелка

Домашни пиперки во павлака

Полнети пиперки со пилешки гради

Полнети пиперки на босански начин

Полнети пиперки со шампињони

Маринирани пиперки на селски начин