Gotvi.mk – Сајт на годината во категоријата „Храна и здравје“ (Видео)

Gotvi.mk – Сајт на годината во категоријата „Храна и здравје“ (Видео)

Во конкуренција со неколку десетици портали и блогови, Gotvi.mk е прогласен за победник во категоријата „Храна и здравје“ во рамките на манифестацијата „Сајт на годината 2017“ која ја организира во организација на дигиталната маркетинг агенција Media Solutions која е сопственик на платформата keepaneye.mk, а со поддршка на Министерството за култура на РМ, Градот Скопје и Кожувчанка.

Второто место во оваа категорија го освои www.mamasfood.mk, а третото www.coolinari.mk. Честитки!

Најдобар сајт за 2017 година е lyoness.mk!

Тимот на Gotvi.mk се заблагодарува на сите читатели, љубители на вкусната храна и рецепти без кои порталот немаше воопшто да постои, а камоли да ја освои оваа награда. Фала за читателите од Македонија, како и од сите континенти во светот.

Вие сте главната причина поради која веќе неколку години медиумскиот простор е побогат со многу рецепти, кулинарски совети и идеи кои го прават секојдневниот живот многу повкусен и исполнет со убави лични и семејни моменти 🙂

Би сакале да се заблагодариме и на огромниот број на брендови, производители, дистрибутери и маркетинг агенции кои целиот изминат период ја даваат довербата и ги поддржуваат заедничките напори на тимот и читателите на Gotvi.mk.

Да продолжиме и во иднина сите заедно да бидеме светол пример на соработка и позитивен дел од секојдневието

Ова признание е на секој од вас. Ви благодариме!

Манифестацијата се одржа осма година по ред. Сајт на годината низ годините прерасна во престижна манифестација, која има за цел да ги истакне и награди најдобрите сајтови во изминатата година во повеќе категории, и да го вреднува трудот на големиот број млади и талентирани автори од повеќе области кои работат во веб издаваштвото.

Карактеристично за овој натпревар е тоа што македонските интернет посетители ги номинираат и гласаат за своите омилени сајтови на сајтот на манифестацијата. Оваа година своите гласови ги дадоа речиси десет илјади интернет посетители од Македонија.

Еве ја целата листа на добитници по категории:

Најдобра мобилна апликација

Трето место: NLB mKlik Makedonija

Второ место: Moj Vozduh

Прво место: Grouper

Храна и Здравје

Трето место: coolinari.mk

Второ место: mamasfood.mk

Прво место: gotvi.mk

Мода и Убавина 

Трето место: reborn.mk

Второ место: ubavinaizdravje.mk

Прво место: divianarts.com

Автомобилизам

Трето место: avtoportal.mk

Второ место: mercedes-benz.com.mk

Прво место: krug.mk

Туризам и Угостителство

Трето место: aurora.com.mk

Второ место: savanaonline.com

Прво место: exploringmacedonia.com

Финансиски услуги, Банкарство и Осигурување

Трето место: silkroadbank.com.mk

Второ место: winner.mk

Прво место: credissimo.mk

IT и Електроника

Трето место: It.mk

Второ место: setec.mk

Прво место: neptun.mk

Најдобар сајт за владини/државни институции

Трето место: krivapalanka.gov.mk

Второ место: fitr.mk

Прво место: rsbsp.org.mk

Најдобар сајт за невладини организации

Трето место: dajtenikrilja.mk

Второ место: lgbtunited.org

Прво место: ckrm.org.mk

Образование, Наука и Култура 

Трето место: mob.mk

Второ место: kupikniga.mk

Прво место: fakulteti.mk

Е-трговија и огласи

Трето место: pazar3.mk

Второ место: lyoness.mk

Прво место: grouper.mk

Најдобар корпоративен сајт

Трето место: cineplexx.mk

Второ место: ledikom.mk

Прво место: vrabotuvanje.com.mk

Најдобар мобилен сајт

Трето место: grid.mk

Второ место: karti.com.mk

Прво место: grouper.mk

Најдобар блог

Трето место: karas4training.com

Второ место: blog.literatura.mk

Прво место: blog.brainster.co

Спорт

Трето место: sportski.mk

Второ место: karas4training.com

Прво место: gol.mk

Забава

Трето место: panika.be

Второ место: edennaeden.mk

Прво место: motika.com.mk

Вести и информации

Трето место: bizniskatalog.mk

Второ место: 24vesti.mk

Прво место: fakulteti.mk

Најдобар Сајт за 2017 година

Трето место: crnobelo.com

Второ место: grouper.mk

Прво место: lyoness.mk