Корпички со спанаќ и пиперка

Корпички со спанаќ и пиперка

Декоративни и вкусни корпички – идеални за шведска маса, доручек или вечера.

Состојки:

  • 500 гр кори за пита

Состојки за корпички со пиперка:

  • 200 гр сирење
  • 4 печени пиперки
  • свеж магдонос
  • 2 јајца

Состојки за корпички со спанаќ:

  • 200 гр сирење
  • 300 гр спанаќ
  • 2 јајца

Начин на подготовка:

  1. Спанаќот бланширајте го па исечкајте го ситно и измешајте го со сирење и јајца. Пиперките излупете ги и исечкајте ги на коцки и исто така измешајте ги со сирење и јајца.
  2. Намачкајте кора со масло, исечте ја по должина на половина, а по ширина на три дела. Треба да бидат 6 правоаголници. Составувајте по три листови во дупки на плех за проја. Краевите треба малку да излегуваат.
  3. Во корпичките наизменично ставајте зелен и црвен фил. Печете на 200 степени околу половина час, во две тури.
  4. Сервирајте измешани зелени и црвени корпички.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text