Сте пробале разни деликатеси, но не и ова: Гибаница со пилешко и тиквички

Сте пробале разни деликатеси, но не и ова: Гибаница со пилешко и тиквички

Постојат многу рецепти за гибаница, но дали сте го пробале и овој? Омилениот вкус збогатете го со тиквички и пилешко.

Еве го рецептот за ручекот за сите сетила:

Состојки:

  • 500 гр кори за пита
  • 500 гр пилешко месо
  • 5 дл павлака
  • 4 јајца
  • 1 прашок за пециво
  • 1 лажица презла
  • малку масло
  • 1 кромид
  • 1 тиквица
  • вегета

Состојки за премачкување:

  • 2 јајца
  • 50 мл млеко

Начин на подготовка:

  1. Кромидот и тиквичката се лупат, па ситно се сечкаат на даска, а пилешкото се сомелува во машина за мелење. Ако дома немате ваква машина, побарајте да ви го сомелат во месарата од каде што ќе го купите.
  2. Белките се двојат од жолчките, па од нив се мати цврст снег.
  3. Се соединуваат меленото месо со кромидот, жолчките, павлаката, презлата  и прашокот за пециво, се додава вегета и зачини по вкус и добро се соединува смесата со мешање. Се додаваат и белките кои ги измативме во цврст снег и се меша смесата да се соедини убаво.
  4. Корите за пита се делат на два дела. Од првиот дел се зема една кора, се попрскува со масло и се поклопува со друга кора, па се премачкува со фил. Се повторува постапката додека има фил и кори, па од нив се прават векни.
  5. Се обложува тепсија со хартија за печење и се ставаат векните, се премачкуваат со смеса од млеко и јајца и се печат на загреана рерна на 200 степени додека не порумени гибаницата.
  6. Добар апетит, совршено е за шолја јогурт.

Уживајте 🙂

Повеќе поврзани рецепти на Gotvi.mk:

Оригинален рецепт за гибаница со сирење и кајмак

Брза похована гибаница

Гибаница од само три состојки

Рецепт за најбрзата гибаница

Вистински хит, ова не сте го јаделе: „Гибаница-прженица”

БАБА ЗНАЕ НАЈДОБРО: Гибаница без кори – СОВРШЕНО

ВИДЕО ХИТ: Домашна гибаница мека како душа

Гибаница повкусна од бурек – не сте пробале вакво нешто