Божиќен куглоф – Време е за празничната магија и вкусни десерти

Божиќен куглоф – Време е за празничната магија и вкусни десерти

Потребни ви се околу 45 минути за да направите вкусен куглоф за Божиќ во вашата кујна. Овој десерт има вкусна арома и ноти на портокал.

Ова е сè што ви е потребно:

Состојки:

  • 3 шолји брашно
  • 1/2 шолја шеќер
  • 250 гр путер
  • 6 лажици млеко
  • 4 јајца
  • 1 прашок за пециво
  • 2 портокали (сок и малку рендана кора)

Начин на подготовка:

  1. Се мати путерот заедно со шеќерот, а белките прво се двојат од жолчките, па од нив се прави цврст снег.
  2. Жолчките се мешаат со прашокот за пециво. Најпрво се матат заедно, па им се става брашното.
  3. Се додава сокот од портокали, малку изрендана кора од портокал и млекото.
  4. Во оваа смеса се мешаат и белките, па сè се става во подмачкан калап за куглоф.
  5. Се пече 45 минути на 200 степени, аромата е неверојатна.

Имајте среќни и вкусни празници!

Повеќе рецепти со десерти на Gotvi.mk:

Обланда бомбици – вистински хит

Преубава обланда со кокос

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

Домашни крем банани – вкусот на детството

Бомбици на кои им нема замена

Бомбици со дуња и кокос