Гламурозен ручек: Мусака со тиквици и сирење

Гламурозен ручек: Мусака со тиквици и сирење

Совршен оброк за целото семејство!

Состојки:

  • 1 кг тиквици
  • 500 гр сирење
  • неколку лажици презла
  • исечкан свеж или сув босилек
  • неколку лажици масло
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Тиквиците исечете ги по должина на тенки парчиња. Посолете и оставете да се исцедат. 
  2. Огноотпорна чинија премачкајте со малку масло и посипете со презла. 
  3. Наредете ред тиквици, преку тиквиците издробете сирење, посипете со презла, босилек и бибер. Ставете уште еден ред тиквици, презла, сирење, босилек и така додека не го потрошите целиот материјал. 
  4. На крај прелијте со малку масло и посипете со сирење. Печете во рерна загреана на 220 степени околу 20 минути или додека не фати кора.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text