Ситни новогодишни колачиња со најубава декорација – Креативна кујна заедно со вашите деца

Ситни новогодишни колачиња со најубава декорација – Креативна кујна заедно со вашите деца

Направете ситни новогодишни колачиња, совршено декорирани и со префинет вкус. Можете да ги правите заедно со вашите деца или внуци.

Ова е рецептот:

Состојки:

  • 300 гр брашно
  • 100 гр маргарин
  • 1 јајце
  • 100 гр шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 прашок за пециво
  • 1/2 лажичка цимет
  • 4 лажички мед

Состојки за декорација:

  • 1 белка
  • 200 гр шеќер во прав
  • 1 лажица сок од лимон

Начин на подготовка:

  1. За тестото во еден сад се соединуваат јајцето со омекнатиот маргарин, па се додаваат останатите состојки (цимет, мед, брашно, прашок за пециво и шеќерот и ванилин шеќер).
  2. Се замесува убаво смесата со рака, а тестото кое ќе го добиете се остава во садот околу 30 минути, поктиено со проѕирна фолија одозгора.
  3. Потоа, нараснатото тесто се расукува на работната површина, се вадат колачиња со калапи во новогодишни форми, па се ставаат на плех обложен со хартија. Се печат во загреана рерна на 180 степени околу 15 минути.
  4. Се тргаат на страна колачињата за да се оладат, а во меѓувреме се прави смесата за декорација.
  5. Се мати белката во цврст снег, па постепено се додаваат шеќерот во прав, како и сокот од лимон.
  6. Се меша додека да се соедини.
  7. Смесата се става во шприц за готвење, па со неа се декорираат краевите на колачињата кои треба да бидат изладени.
  8. Оставете ги да се зацрврстат кратко, па послужете.

Уживајте во вкусот на празниците 🙂

Повеќе рецепти со десерти на Gotvi.mk:

Обланда бомбици – вистински хит

Преубава обланда со кокос

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

Домашни крем банани – вкусот на детството

Бомбици на кои им нема замена

Бомбици со дуња и кокос