Вкусот на детството: Појадок по рецептот на нашите баби

Вкусот на детството: Појадок по рецептот на нашите баби

Направете вкусен и мек појадок со кој целото семејство ќе стане со насмевка. Ви предлагаме рецепт за брзи и вкусни перничиња од тесто, кои ќе ги примамат сите со мирисот од кујната.

Ова е рецептот:

Состојки:

  • 20 лажици брашно
  • 1 кесичка прашок за пециво
  • 5 јајца
  • 1 шолја кисело млеко
  • малку масло

Начин на подготовка:

  1. Во подлабок сад, изматете ги јајцата со киселото млеко, па додајте ги брашното и пециво. Сите состојки заедно добро измешајте ги со жица за матење.
  2. Смесата треба да биде малку погуста од онаа за палачинки.
  3. Се зема од смесата со длабока лажица, па се пржат перничињата на врело масло на тава.

СОВЕТ: Послужете со сирење и јогурт.

На здравје!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Појадокот со кој Кардашијан ослабе но ги задржа облините

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми

Кралски појадок со кој ќе слабеете

Појадок или вечера за медал

Почнете го денот со витаминска бомба