За незаборавни празници со најблиските: „Божиќен леб”

За незаборавни празници со најблиските: „Божиќен леб”

Направете вкусен леб за Божиќ и бидете сигурни дека сите ќе ви го бараат овој рецепт. За најубави празници со вашето семејство и најблиски.

Ова е се што ви треба:

Состојки:

  • 300 гр брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 1 шолја рендан морков
  • 220 гр кафеав шеќер
  • 1 лажичка цимет
  • 2 јајца
  • 65 гр сушена брусница
  • 125 мл млеко
  • 125 мл маслиново масло
  • 2 лажици семки од тиква

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени, а плехот за печење обложете со хартија.
  2. Измешајте во еден сад брашно со прашокот за пециво, изренданиот морков, кафеав шеќер, сушена брусница, и цимет.
  3. Додајте и две изматени јајца, измешани со млеко и маслиново масло.
  4. Сите состојки заедно измешајте и соединете ги добро, па ставете ја смесата во плехот за печење.
  5. Одозгора наросете семки од тиква. Нека се пече лебот околу еден час.

Уживајте во секој момент со овој сладок вкус 🙂

Повеќе на Gotvi.mk:

Леб кој не дебелее

Банана леб со ореви

Обланда бомбици – вистински хит

Преубава обланда со кокос

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

Домашни крем банани – вкусот на детството

Бомбици на кои им нема замена

Бомбици со дуња и кокос