Тава деликатес: Потпечен компир со колбаси и сланина

Тава деликатес: Потпечен компир со колбаси и сланина

Направете вистински деликатес со колбаси, сланина и компир по рецепт од кој застанува здивот.

Оваа тава е многу вкусна, а ова е рецептот:

Состојки:

  • 3 главици кромид
  • 1 праз
  • 4 колбаси
  • 100 гр сланина
  • 5 компири
  • 4 дл павлака
  • 2 јајца
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Компирите се варат со лушпата, па се цедат и ладат. Излупете ги и исечете ги на кругови.
  2. Кромидот, заедно со празот и сланината се сечкаат на ситни коцки, па се пропржуваат на масло.
  3. Колбасите се бодат со чепкалки на повеќе места, па се пропржуваат и тие во маслото.
  4. Во огноотпорен сад се става малку масло, па се редат компирите како за мусака, па смесата со кромидот, празот, сланината и колбасите осозгора.
  5. Посебно се матат павлаката со јајцата, се ставаат сол и бибер, па се прелива садот.
  6. Се пече на 200 степени во претходно загреана рерна додека не порумени.

На здравје!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Поховани батаци

Батаци во сос

Гурмански батаци

Вкусни месни залаци

Пита со мелено месо и праз

Слатка зелка со мелено месо

Гурманско мелено пилешко со зеленчук

Ролни од мелено месо

singlepost_text