Посни бомбици со банани, урми и рогач

Посни бомбици со банани, урми и рогач

Здрав и сиров десерт од банани и сушено овошје со додаток од рогач, мирис на цимет и без додаден шеќер.

Состојки:

  • 100 гр урми (најдобро свежи)
  • 100 гр мелени бадеми
  • 80-100 гр сечкани ореви или лешници
  • 30 гр кокос
  • 2 лажички мелен рогач
  • 1/2 лажичка мелен цимет
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 1 поголема зрела банана
  • кокос или мелени бадеми за декорација

Начин на подготовка:

  1. Урмите ситно исечкајте ги или иситнете ги во блендер, а доколку користите свежи кои се многу меки, можете да ги испасирате со вилушка.
  2. Лешниците или оревите исечкајте ги на крупно и со вилушка испасирајте банана.
  3. Измешајте ги прво сувите состојки (мелени и сечкани јаткасти плодови, кокос, рогач и цимет), а потоа додајте банана, урми и екстракт од ванила.
  4. Сè измешајте додека не се направи смеса од која можете да правите топчиња. Секако, во зависност од големината на бананите и сочноста на урмите, можеби ќе биде потребно да додадете уште кокос или бадеми, или од друга стана, уште суво овошје или лажичка вода.
  5. Со раце формирајте топчиња и обложете ги со кокос или мелени бадеми. Оставете во фрижидер да се изладат и послужете на собна температура.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text