Ви се најавија гости, а немате доволно време да приготвите нешто вкусно? Ние ви предлагаме совршен рецепт за топено сирење од кои сите ќе бидат задоволни. Рецептот ни го испраќа Сања.
Состојки:
- 1 парче сирење
- 1 парче кашкавал
- 100 гр Пекабеско кулен
- 200 гр кечап
- 200 гр павлака
- оригано
Начин на подготовка:
- Во земјен мал сад ставаме еден ред павлака, потоа кечап и малку оригано.
- Врз тоа редиме неколку парчиња кулен во еден ред, па поголеми парчиња сирење, исто така еден ред.
- На крајот, ставаме подебел слој рендан кашкавал.
- Се пече во рерна загреана на 220 степени околу 20тина минути.
- Со ова топено сирење ви препорачуваме и форнаринки.
Оваа доза е доволна за три мали земјени садови.
Добар апетит!
Повеќе рецепти на Gotvi.mk:
Пилешки батаци со топено сирење, сланина и печурки – ова е деликатес
Вкусни брускети со топено сирење
Пилешко со топено сирење и печурки
ГУРМАНСКИ ДЕЛИКАТЕС: Компир со маслинки и растопено сирење
Грне со тиквички и топено сирење – ДЕЛИКАТЕС како од кафеана