Ситни колачиња за Нова Година и Божиќ – Вкусни бомбици

Ситни колачиња за Нова Година и Божиќ – Вкусни бомбици

За претстојните празници направете ситни и вкусни бомбици кои ќе бидат готови за миг.

Еве како:

Состојки:

  • 125 гр маргарин
  • 4 лажици мед
  • 4 лажици шеќер
  • 100 гр чоколадо
  • 100 гр мелени бисквити
  • 100 гр мелени ореви
  • 22 гр сусам

Начин на подготовка:

  1. Сусамот кратко се пропржува, а посебно во друга тава се соединуваат медот, маргаринот, чоколадото искршено на коцки и шеќерот.
  2. Се трга соединетата смеса од рингла, се додаваат во неа пржениот сусам, мелените бисквити и ореви, па заедно сè се меша и се обликуваат бомбици.
  3. Бомбиците убаво се поминуваат во сусам или друго по избор.

Уживајте во овој сладок рецепт 🙂

Повеќе десерти на Gotvi.mk:

Обланда бомбици – вистински хит

Преубава обланда со кокос

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

Домашни крем банани – вкусот на детството

Бомбици на кои им нема замена

Бомбици со дуња и кокос

singlepost_text