Фото: Рецепт за нискокалорични сендвичи

Фото: Рецепт за нискокалорични сендвичи

Одлично за појадок за секој кој сака да го намали внесот на дневни калории, а особено препорачливи за сите кои се на хроно исхрана, вели Ана, која ни го испраќа овој рецепт.

Еве што ви е потребно за да ги направите овие брзи и нискокалорични сендвичиња:

Состојки:

  • р’жан или хроно леб на парчиња
  • ајвар
  • потпечен сусам
  • кокосово масло
  • куркума зачин
  • кисело млеко
  • лен мелен
  • Пекабеско сланина
  • рукола
  • балсамико сос

Начин на подготовка:

  1. Првото парче леб намачкајте го со ајвар, а одозгора посипете го со сусам кој претходно сте го потпекле.
  2. Второто парче леб намачкајте го со кокосово масло и врз него нанесете од куркума зачинот.
  3. Третото парче леб намачкајте го со еден слој кисело млеко, а одозгора посипете со малку мелен лен.
  4. Пекабеско сланината исечкајте ја на коцки и додајте ја во тањирот со сендвичите како на фотографијата. Доколку сакате претходно малку пропржете ја.
  5. Исечкајте малку рукола и ставете во истиот тањир. Додајте балсамико сос по вкус, како и малку сол.

На здравје!

Прочитај хроно рецепти на Gotvi.mk:

Хроно ролат – Едноставен, а вкусен рецепт

Хроно ролат со пршута – Диетата веќе не значи гладување

Хроно вафли – Кралски појадок со кој ќе слабеете

Направете здрав и хроно мајонез – прсти да излижеш

Не дебелеат, меки како душа: Хроно лепчиња

Хроно исхрана за здрави денови: Роловани јајца со сланина

Нов вкус на зимата: Хроно сарма, можно е, ова е тајната

И тоа е возможно: Направете хроно бурек

singlepost_text